Daily Dose of Health  

 

Регистрирајте се за да ги добивате најновите информации за здравјето од нашиот стручен тим  

Пребарај

Карциномот на кожата е најчестиот вид канцер. Овие типови канцер се појавуваат на површинскиот слој на кожата и лесно можат да се излекуваат доколку се откријат порано. Најсериозниот тип канцер на кожа е наречен малигнен меланом, кој најчесто се шири. Ултравиолетовите зраци (UV зрачење) или прекумерна изложеност на сонце е еден од факторите за појава на овој тип канцер. Затоа пред да се препуштите целосно на сонцето, помислете на вашето здравје.

Повеќе...

Уринарните каменчиња се трето најчесто заболување на уринарниот тракт, по уринарните инфекции и болестите на простата. Најчесто се јавуваат кај мажите на возраст помеѓу 40. и 60. година. Тие се една од причините за појава на болка во бубрезите која се смета за една од најсилните болки (колики). Дури и лесното поместување на бубрежните каменчиња може да предизвика страшни болки кои многу често се споредуваат со болките кои жената ги има за време на породувањето. Голем број клинички студии докажале дека под зголемен ризик за појава на уринарни каменчиња се лицата со поголема телесна тежина и лицата кои не внесуваат доволно течности (вода) во организмот.

Повеќе...

Револуционерната FUE метода е златен стандард во светот за решавање на проблемот со ќелавоста. Оваа интервенција за трајно излекување на ќелавоста за прв пат во земјава е направена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. За сѐ што е поврзано со FUE методата одговор ни даде д-р Андреј Петров од Одделот за дерматологија.

Повеќе...

Преткоморната фибрилација е најчеста срцева аритмија. Овој тип аритмија е карактеристичен за постарата популација, но се појавува и кај младите без постоење на посебна срцева болест. Според д-р Иван Трајков, кардиолог електрофизиолог, се манифестира со срцебиење, кое е последица на неритмична срцева работа и се карактеризира со брз и неправилен срцев пулс.

Повеќе...

Благодарение на асистираната репродукција, до сега во светот се родени околу три и пол милиони бебиња. Од 1978 година, кога е направено првото ин витро оплодување и е родена Лујза Браун, до денеска е очигледен огромен напредок на овие техники. Асистираната репродукција се дефинира како „спојување на јајце клетка и сперматозоид со наjдобар квалитет и трансфер на најдобриот ембрион во матката на жената.“ Изборот на ембрион и негов трансфер во матката е процедура која бара добар тим и тимска работа. Д-р Слободан Лазаревски, шеф на Одделот за асистирана репродукција, во продолжение ги објаснува 5-те методи и фактори кои ги зголемуваат шансите за успешно ин витро.

Повеќе...

Летната жега и тропските температури може да предизвикаат сериозни тегоби кај потполно здравите лица. Сончаницата и топлотниот удар се главните непријатели во летото. За 10-15 дена додека сме на море и додека се трудиме што повеќе да уживаме во убавините на морето, езерото или реките не знаеме колку нашиот организам е подготвен да го прифати сето тоа? Што треба да направиме доколку претераме со изложување на сонце? - одговор на ова прашање ни даде д-р Татјана Чепреганова-Чанговска, специјалист по неврологија.

Повеќе...

Само еден скок во вода комплетно може некому да му го смени животот. Ова е реченицата со која трауматолозите ја почнуваат приказната за нивните пациенти кои, по тешки повреди на 'рбетниот столб, останале комплетно парализирани. "Во еден миг сe е убаво, луѓето уживаат во летото, плажата и во водните лудории, а веќе следниот може да биде кобен. Не секој скок во вода е страшен и не секој скок во вода значи дека задолжително ќе се повредите. Но се случува ако скокаат на непознат терен каде што не знаат што има на дното или какви карпи има под водата, место посакуваното уживање, со темето да удрат во тврдата подлога. Во зависност од тоа колку е плитко местото, каков е ударот, со колкава тежина е човекот, најчесто доаѓа до пукање на 'рбетниот столб", вели проф. д-р Јордан Савески, хирург трауматолог и шеф на Спиналниот центар

Повеќе...

Ризикот од хронични заболувања кај канцелариските работници e поголем. Иако ова звучи многу интересно и иако голем дел од популацијата не го разбира сериозно, последните статистички податоци се застрашувачки. Дури 40% од канцелариските работници се изјасниле дека седат околу 8 часа на своето работно место, 28% дека седат 6 – 8 часа на работно место, 25 % се изјасниле дека седат 4 – 6 часа на работното место. Сето ова и не би било толку страшно доколку не се следи уште една статистика според која работоспособното население од 20 до 62 години кое седи повеќе од 4 часа на своето работно место има двапати поголеми шанси да заболи од т.н. седечки синдром од другото население. За најчестите проблеми од овој синдром одговор ни даде Дејан Парцанов, физиотерапевт во Клиничка болница „Аџибадем Систина“.

Повеќе...

Развојно доцнење е состојба кога детето нема развојни достигнувања соодветни за возраста. Благите развојни доцнења често сами по себе се губат и детето едноставно го надоместува заостанувањето преку позитивната стимулација од својата околината. Д–р Анета Демерџиева, педијатар, објаснува, сериозното развојно доцнење укажува на постоење на нарушување во развојот или т.н. атипичен развој.

Повеќе...

Карлицата е прстенеста коскена структура составена од две крила. Основна улога е да ги заштити органите кои се сместени во неа. Тука спаѓаат дисталните органи на дигестивниот и генитоуринарниот тракт, како и крвните садови и нервните стебла кои се сместени во неа. Проф. д-р Јордан Савески, трауматолог, објаснува покрај заштитната улога, карлицата има и многу важна улога во пренесување на силите на оптоварување и држење на `рбетниот столб во исправена и седечка позиција.

Повеќе...