НОВОСТИ

18 Август 2014
Прогласени победниците од наградната игра „Избираме најтрудница“

Прогласени победниците од наградната игра „Избираме најтрудница“

Почитувани,

Во изминатиов период се пребројуваа гласовите на учесниците од наградната игра „ Избираме најтрудница“. Согласно правилата, предвид беа земени само легалните гласови на учесниците. По пребројувањето, три учеснички со најлајкувани фотографии имаа изедначен број гласови. Поради големиот интерес и популарноста на наградната игра, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ одлучи место еден ваучер за бесплатно породување, како што беше предвидено на почетокот на наградната игра, да додели три ваучери.

Ваучери за бесплатно породување се доделени на следниве трудници:

 

Ангела Ангеловска Усовска

Ирина Миткова

Магдалена Тодоров

 

Победничките ќе бидат контактирани од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ за датумот и времето за подигнување на ваучерите. Наградниот ваучер за трите најлакувани трудници ги покрива трошоците за спонтано или породување со царски рез. 

01 Јули 2014
Понуда за совршена насмевка

Понуда за совршена насмевка

Одделот за стоматологија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во јули и август нуди -30% намалени цени за изработка на дентални импланти.

Денаталните импланти се совршена замена за изгубениот заб. Го надоместуваат изгубениот заб и превенираат понатамошно губење на коската. Постапката е едноставна и се изведува во локална анестезија. Тие се биокмпатибилни, ја враќаат функцијата и естетскиот изглед, ја зачувуваат симетријата на лицето и го спречуваат процесот на губење на виличната коска.

Имплантите, кои се користат во „Аџибадем Систина“, се од производители од Германија и Шведска и се изработени од висококвалитетен титаниум со висок процент на чистота, обложени со тенок филм на површината кој овозможува 100 процентно врзување на истиот со виличната коска.

18 Јуни 2014
Стручен состанок „Генитална хирургија, предизвици и граници“

Стручен состанок „Генитална хирургија, предизвици и граници“

Еминентниот светски уролог и детски хирург проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ ќе биде дел од стручниот состанок на тема „Генитална хирургија, предизвици и граници“, во организација на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

На стручниот состанок, акредитиран од Лекарска комора на РМ, ќе има предавања на следниве теми:

1. Вродени аномалии на машки и женски гениталии (д-р Владимир Којовиќ)
2. Стекнати аномалии на машки и женски гениталии (проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ)
3. Хируршки промени на полот (проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ)

Стручниот состанок ќе се одржи на 20 јуни 2014 (петок), со почеток во 15 часот, во амфитеатарот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ е стручен соработник во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и еден од најпознатите хирурзи во областа на реконструктивна хирургија на урогениталниот систем. Има големо искуство во третман на голем број вродени аномалии на гениталии, стекнати заболувања, хируршки третман на хипоспадија кај деца и возрасни, еписпадија, уретрални реконструкции, педијатриска реконструктивна урологија, хирургија за зголемување на пенис, хирургија за промена на пол.

17 Јуни 2014
14. број на магазинот „Аџибадем Систина Плус“

14. број на магазинот „Аџибадем Систина Плус“

Со задоволство ве информираме дека излезе новиот број на магазинот „Аџибадем Систина Плус“. 14. број го посветивме на машкото здравје. Многу медицински теми и совети, животни приказни на луѓето кои ни го доверија своето здравје, накратко создадовме магазин кој опфаќа содржини наменети за целото ваше семејство.

На 84 страници во летниот број ќе читате:
-Топ 5 здравствени прегледи за мажи
-Простата – „болна“ точка за секој маж
-Андреа Лекиќ: „Сакам да победувам и да се борам до крај“
-Со годините се менуваат и забите
-Водич за сигурна и безбедна бременост по 35. година
-Здрава кожа vs темен тен
-Кога вашето малечко има алергија од храна
-Моќта на морската вода

Своето искуство во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со вас го споделуваат и нашите пациенти.

Списанието бесплатно ќе се дистрибуира низ целата земја во прилог на дневните весници, но можете бесплатно да го добиете и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Нека „Аџибадем Систина Плус“ биде вашиот летен прирачник. Уживајте!

«
»

СВЕДОШТВА И ПИСМА НА ПАЦИЕНТИ

Леонид Бошковски

Леонид Бошковски

Да се биде мајка е прекрасно и незаменливо чувство што ниту едно богатство на светов не може да го замени. Мојот син Леон е предвреме родено бебе.Со неговиот развој сè беше во ред, до првиот контролен преглед. По завршување на...

Матеј Пехчевски, Скопје

Матеј Пехчевски, Скопје

Поради сложена скршеница на лакот на левата рака и зоната на раст, моето 4,5-годишно синче Матеј претрпе операција. По препорака на детскиот хирург кој го изврши зафатот, постоперативната рехабилитација со физикална терапија ја почнавме и ја добивме на одделот за...

Дедо Љубе, 99 години, Кичево

Дедо Љубе, 99 години, Кичево

Јас сум Дедо Љубе од Кичево и имам 99 години. Сè уште сум витален, енергичен и со љубов кон животот како и пред педесетина години. Се радувам на секој нов ден како на нов почеток бидејќи и природата и божјата...

Марија Дејковска, 23 Вевчани

Марија Дејковска, 23 Вевчани

Болеста е тешка битка за секој човек. Во тие моменти надежта и волјата за живот се најголемите сојузници да издржиш и да победиш. Но, кога ќе ти ја убијат и најмалата надеж, не ти останува ништо освен да веруваш во...

Гојарт Келменди 38, Приштина

Гојарт Келменди 38, Приштина

Да станеш родител е најдлабокото и најсовршено чувство кое човек може да го доживее. Тоа е сонот на секое семејство, смислата на животот. Богатството не се мери по материјалното во еден дом туку по детската смеа, игра и џагор.10 години...

«
»


  1. Име(*)
    Please type your full name.
  2. Презиме(*)
    Please type your full name.
  3. Телефон(*)
    Invalid Input
  4. E-mail(*)
    Invalid email address.
  5. Порака
    Invalid Input
  6.   
  1. Име(*)
    Please type your full name.
  2. Презиме(*)
    Please type your full name.
  3. E-mail(*)
    Invalid email address.
  4. Оддел(*)
    Invalid Input
  5. Доктор
    Invalid Input
  6. Телефон(*)
    Invalid Input
  7. Порака
    Invalid Input
  8. Како да ве контактираме?


  9.   

 


 
    • Потете се секој ден