Доктори

Оддели

Специјализирани Центри

Нашиот тим е составен од повеќе од 20 врвни гинеколози од различни супспецијалности кои со помош на најсовремената медицинска опрема секојдневно се посветени на гинеколошкото здравје на жената од најраната адолесценција до најдоцната старост.

Одделот за гинекологија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди широк обем на услуги, од општа гинекологија па сѐ до сложени хируршки интервенции на гинеколошки тумори. Дизајниран е да создаде беспрекорна грижа за здравјето на жената. Одделот за гинекологија и акушерство во „Аџибадем Систина“ посебно внимание посветува на следниве состојби во гинекологијата:

Амбулантска гинекологија

• Редовни check up прегледи
• Абнормални ПАП тестови
• Методи на контрацепција
• Менопауза
• Абнормално крвавење

Урогинекологија и реконструктивна хирургија на карлица

• Карлична дисфункција
• Дисфункција на мочен меур
• Уринарна инконтиненција
• Генитален пролапс

Амбулантска гинекологија

Одделот за амбулантска гинекологија и акушерство обезбедува здравствена нега на сите гинеколошки проблеми, од репродуктивните нарушувања до постменопаузалниот период на жената. Одделот располага со најсовремена технологија. Искусниот тим гинеколози и акушери постојано работи на рутинските процедури, како и на сложени гинеколошки проблеми кои вклучуваат:

• Евалуација на ПАП тестови
• Колпоскопија
• Заболувања на вулва
• Абнормално крвавење
• Вагинални инфекции
• Менопауза
• Заместителна хормонска терапија
• Репродуктивен скрининг
• Болка во пределот на карлицата
• Евалуација на плодност

Гинеколошко-хируршки интервенции

Нашиот искусен тим на специјалисти по гинеколошка хирургија ги едуцира пациентите во врска со можностите за третман (хируршки и нехируршки). Со ова на секоја жена ѝ овозможува самата да донесе правилна одлука во врска со нејзиното понатамошно лекување.
Во текот на евалуацијата гинеколозите користат ултразвук со цел да се добие попрецизна информација во врска со одлуката за понатамошно лекување. Кога е потребна хируршка интервенција, нашата цел пред сѐ е да ги понудиме сите процедури со цел да го одбереме најбезбедниот, најефективниот и најбезболниот третман.

Минимално инванзивните процедури вклучуваат:

Хистероскопија

• Дијагноза со и без дилатација и киретажа
• Отстранување на полипи и фиброиди
• Хистероскопска стерилизација
• Абнормално крвавење на матката

Лапароскопија

• Дијагноза
 Отстранување на јајцеводи и јајчници, цисти на јајчници (напредна хирургија – отстранување на фиброиди, ендометриоза и супрацервикална и тотална хистеректомија)
• Болки во карлица

Урогинекологија и реконструктивна пелвична хирургија

Овој оддел работи особено на пелвичната дисфункција кај жените. Таа ги опфаќа анатомските органи помеѓу пубичната коска и сакрумот. Примарно се фокусираме на третманот на дисфункцијата на мочниот меур вклучувајќи ја уринарната инконтиненција, како и нарушувањата на гениталиите и гениталниот пролапс.

Третман на специфични состојби

Нашиот тим со мултидисциплинарен пристап овозможува третман и лекување на неплодност, гинеколошки канцер, нарушувања на карлицата, ректален пролапс, сексуална дисфункција, посложени проблеми со уринарниот тракт, нарушувања во периодот на менопаузата, фекална инконтиненција итн. Целосно сме посветени во обезбедувањето на врвна здравствена грижа за жените од сите возрасти.

Високоризична бременост

Врвниот тим на гинеколози акушери и модерната технологија која ја поседува „Аџибадем Систина“ овозможуваат современи медицински услуги кај високоризичните бремености со цел да се обезбеди најдобра грижа за мајката и плодот. Преку сеопфатна програма за проценка и третман со врвен тим на специјалисти и најсовремената технологија го промовираме здравјето на мајките и бебињата.

Гинекологија и акушерство

 

Д-р Гордана Петровска

Д-р Слободан Дракулевски

Д-р Никола Баџаков

Д-р Павле Димчев

Д-р Никола Панчевски

Д-р Снежана Тимчева-Цветковска

Д-р Јован Костадинов

Д-р Јорданчо Иванов

Д-р Златко Палчевски

Д-р Елизабета Матевска-Атанасовска

Д-р Бобан Сарџовски

Д-р Александар Бојаџиев

Д-р Ирена Шуплиновска Јордановска

Д-р Ана Кацарска

Д-р Мирослав Темелковски

Д-р Даниела Јованова

Д-р Корнелија Трајкова

 

 

Новости

Искуството на нашите пациенти

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

 

 acibademsistina bitola galerija

 

 

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library