Одбери доктор по оддел

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ инвестираше во отворање на својата прва поликлиника. Во модерно уредениот простор и со внимателно одбран персонал, за жителите на Битола и околните градови ќе биде достапна врвна медицинска грижа. Поликлиниката, која се простира на површина од над 500 м2, е опремена со најсовремена технологија и овозможува медицински услуги од областа на гинекологија и акушерство, педијатрија, интерна медицина и кардиологија. Поликлиниката „Аџибадем Систина“ во Битола исто така располага и со дневна болница за возрасни и педијатриска дневна болница.

Интегриран систем со Клиничката болница „Аџибадем Систина“

Во Поликлиниката во Битола, покрај редовните доктори, секој работен ден прегледи и консултации изведуваат доктори од областа на педијатрија, гинекологија и акушерство и кардиологија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од Скопје. Поликлиниката во Битола претставува интегриран дел од системот, и во неа ќе се спроведуваат истите стандарди на лекување како и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.  Со тоа, сите граѓани на Битола и регионот  имаат можност да бидат поблиску до врвната медицинска грижа која „Аџибадем Систина“ ја нуди  веќе 7 години.

Дневна болница

Дневната болница за возрасни овозможува згрижување пациенти за кои е потребен краток болнички престој. Во четирите бокса ќе се спроведува инфузиона терапија и апликација на лекови.  

Гинeкологија и акушерство

Гинеколошко-акушерската амбуланта обезбедува здравствени услуги за сите гинеколошки проблеми, од репродуктивните нарушувања до постменопаузалниот период на жената. Покрај редовните гинеколози, секој ден на располагање се и гинеколози и акушери од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Во гинеколошката амбуланта достапни се следниве услуги:

  • Редовни chek up прегледи и евалуација на ПАП тестови
  • Колпоскопија
  • Гинеколошки и акушерски ехо прегледи
  • Абнормално крвавење
  • Вагинални инфекции
  • Болка во пределот на карлицата
  • Репродуктивен скрининг и подготовка за асистирана репродукција
  • Евалуација на плодност
  • Консултации
  • Следење на бременост
  • Менопауза и перименопауза

Интерна медицина и кардиологија

Во амбулантата за интерна медицина и кардиологија, покрај интернистички услуги, за пациентите достапни се следниве кардиолошки прегледи:

• превентивни кардиолошки прегледи 
• коронарен стрес тест 
• 24-часовно мониторирање на срцевиот ритам
• 24-часовно мониторирање на крвниот притисок
• техничка контрола на пејсмејкери и дефибрилатори
• доплер и дуплекс скен на периферните крвни садови
• ултрасонографија на каротидните артерии
• базична и напредна ехокардиографија
• трансторакална ехокардиографија
• контрастна ехокардиографија со микромеурчиња
• стрес ехокардиографија (добутаминска стимулација)

Пациентите од Битола и околните градови имаат можност за консултации и прегледи со интервентни и неинванзивни кардиолози, како и електрофизиолози.

Педијатрија

Во педијатриската амбуланта, за најмладите пациенти достапен е тим од педијатри кои со посебно внимание и грижа го следат растот и развојот на секое дете индивидуално. Исто така, педијатриската амбуланта овозможува дијагноза и третман на најчестите болести и состојби во детската возраст, како инфекции на респираторен систем и стомачни нарушувања. За специфични педијатриски болести кај најмалите пациенти, достапни се и консултации со супспецијалисти педијатри од областа на нефрологија, неврологија и пулмоалергологија. Нашите доктори се достапни да одговорат на сите ваши прашања, и да ви дадат совети за најдобра нега на вашите најмили.

Педијатриска дневна болница

Во дневната педијатриска болница ќе се згрижуваат деца кај кои е потребно да се спроведе инфузиона терапија, апликација на лекови, рехидратација и инхалација. 

НАСКОРО

Амбулантно возило

Амбулантното возило, опремено со најсовремена опрема level A, наскоро ќе биде на располагање за транспорт на пациенти од поликлиниката во Битола до Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје. Возилото ќе биде опремено по највисоки медицински стандарди, со кои може да се изврши медицински транспорт на пациенти со најразлични здравствени проблеми. Ќе располага со висококвалитетна опрема за мониторинг, кислородна поддршка, респиратор, инфузомати и перфузори за контролирано давање течности и поддршка на најтешко болни пациенти.

Работно време на Поликлиника Битола

Понеделник - Петок
08:00 - 20:00
Сабота
09:00 - 15:00

Поликлиника Битола

Д-р Зоран Зојчески

Д-р Васил Чипуровски

Д-р Александра Михајловска

phone

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

 

 acibademsistina bitola galerija

 

 

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library