Детската насмевка е мојот најголем подарок

Jasmina Rusmir p1 1

Ведрина, искрена насмевка и позитивна енергија се сосем доволни за да ги освоите детските срца. Тоа најдобро го знае Јасмина Русмир, медицинска сестра која повеќе од 20 години се грижи за најмалите и најискрени пациенти. Децата на Одделот за педијатрија ја обожаваат, а родителите се благодарни за нејзината посветеност и професионалност.

„Децата се дел од мојот секојдневен живот, деца за кои размислувам, деца на кои сум им потребна. Во работата со нив сојузник барате и во родителите. Сочувствувате со нивниот проблем, а се радувате со нивниот успех“, вели Јасмина.

Jasmina Rusmir 6

Зошто се одлучи за работа на  Одделот за педијатрија во „Аџибадем Систина“

-Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ работам две години, а претходно имам 20-годишно работно искуство на Клиниката за детски болести. За „Аџибадем Систина“ сум слушала секогаш само пофални зборови, а и тоа дека во неа работат само најдобрите. Тоа и ми беше предизвик, да дојдам, да работам со најдобрите и да бидам најдобра. Секако да не ги заборавиме и идеалните услови за работа, како еден од основните фактори за успешност. 

Jasmina Rusmir 3

Колку те исполнува работата со деца?

-Како личност која има две професии, медицинска сестра и социјален работник, двете несомнено ги поврзува една заедничка нишка, а тоа е помагателска функција. Во овој случај љубовта кон децата беше пресудна да се одлучам за педијатрија. Ова е професија во која доаѓаат до израз индивидуалните квалитети, способности и вашиот карактер. Децата тоа најдобро го чувствуваат и честопати ми се заблагодаруваат со некој прекрасен цртеж, убава песничка, насмевка, прегратка со бакнеж. Нема поголем подарок на светот кога е тоа од една искрена детска душа.

Колку е специфична работата со најмалите пациенти? 

-Децата се една од најнепредвидливата и најтешка категорија на пациенти. Секое од нив има свои карактеристики и бара внимание. Tокму со нив доаѓа до израз хуманоста, трпението и мојата целосна посветеност само на нив. Првиот контакт е секогаш многу битен. Насмевката и ракувањето за добредојде се најмоќното оружје. Велат кога ќе го сретнеш глувонемиот - на твоето лице нека се појави НАСМЕВКА. Тој тогаш ќе сфати дека звуците не му се неопходни на човекот. Кога ќе го сретнеш слепиот стегни му ја раката и посакај му ДОБАР ДЕН, а тој светлината на денот ќе ја види со твоите очи.  

Како реагираш на позитивните коментари кои навистина често доаѓаат од родителите

-Тешко е да се добие довербата на родителот чие дете е болно. Затоа сме тука ние, вработените, со нашата професионалност и безрезервно внимание, разбирање, љубов...Се разбира задоволството на родителите е неизбежно. Големата благодарност искажана преку зборови или пишана во анкетните листови значи премногу. Верувајте дека уживам во успехот и се радувам. Тие се мојот стимул за мојата успешна работа.

Jasmina Rusmir 7

Децата се дел од мојот секојдневен живот, деца за кои размислувам, деца на кои сум им потребна. Во работата со нив сојузник барате и во родителите. Сочувствувате со нивниот проблем, а се радувате со нивниот успех.

Jasmina Rusmir 4

За работната средина и колегите со кои го поминува секој работен ден Јaсмина вели дека тоа е најпрофесионалниот тим со кој секој би посакал да работи.

„За успешна работа потребен е добар тим и позитивна енергија. Меѓу себе имаме одлична комуникација, разбирање, соработка. А сето тоа го надополнува прекрасниот амбиент на Педијатрија. Чест ми е и задоволство што сум дел од овој тим“, вели Јасмина.

Jasmina Rusmir 7

 

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

 

 acibademsistina bitola galerija

 

 

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library