Доктори

Оддели

Специјализирани Центри

Oдделот за педијатрија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е составен од поликлиника, дневна болница, стационар и ургентен центар. Сите делови од Одделот за педијатрија се специјално уредени и дизајнирани, со што се трудиме нашите најмали пациенти да не се чувствуваат дека се во болница, а со тоа да го елиминираме стравот од посета на доктор.

Во поликлиничкиот дел високостручниот тим педијатри во „Аџибадем Систина“ за најмалите пациенти нуди дијагноза и третман и на најсложени и ретки педијатриски болести. Поликлиничкиот дел е составен од општи и супспецијалистички амбуланти.

Дневната болница, со капацитет од 4 кревети, овозможува згрижување на болното дете кај кое е потребен краток временски престој. Во овој дел се спроведува инфузиона терапија, како и апликација на лекови, рехидратација и инхалација на пациентите.

Покрај можностите за поликлиничко лекување и престој во дневна болница, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го отвори педијатрискиот стационар кој може да покрие третман на болно дете од 0 до 14-годишна возраст. Во него се спроведува најсовремена дијагностика и третман базиран на светски практикуваните протоколи за лекување на болести на децата. Располага со најмодерни 15 еднокреветни сместувачки капацитети кои ги задоволуваат највисоките здравствени и естетски критериуми. Собите се прилагодени за престој на родител со дете.

Со цел да одговориме на потребите на најмалите во моменти кога тоа е најпотребно, во склоп на педијатријата функционира и најсовремениот педијатриски ургентен центар. Конципиран е по примерот на светските реномирани ургентни центри, што го прави водечки педијатриски центар во целиот регион. Во него работи мултидисциплинарен тим на искусни доктори кои може да ги третираат сите болести поврзани со детската возраст. Секоја состојба се третира индивидуално со што се обезбедува најдобриот можен третман за секое дете. Ургентниот центар работи 24 часа секој ден во неделата. Нашите доктори се достапни да одговорат на сите ваши прашања, тука се да ви дадат совети за најдобра нега на вашите најмили.

 

Педијатрија 

 

Проф. Д-р Гордана Маческа – Баџакова

Д-р Катерина Обочки

Д-р Тања Јованова

Д-р Леонардо Камењарски

Д-р Оливера Лековска

Д-р Анета Демерџиева

Д-р Надица Ристоска Бојковска

Д-р Светлана Крстевска-Блажевска

М-р Соња Јорданова Цацаноска

Новости

Искуството на нашите пациенти

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

  

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library