Нашата приказна во здравствениот сектор започна во 2001 година со отворањето на Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица - Систина“ - место каде грижата за репродуктивното здравје на жената доби една сосема нова димензија. Успешниот резултат во сосема нова дејност докажа дека не е важно во кој сегмент ќе решите да инвестирате, туку со колкава љубов и посветеност ќе влезете во секој нов проект. Моментите на успех, деновите во кои брендот „Систина“ добиваше сѐ поголеми димензии, ги прошири капацитетите, со сериозна инвестиција во здравството и прерасна во клиничка болница која на 7 април 2010 година ги отвори вратите за своите пациенти.

На 10 ноември 2010 година Клиничката болница „Систина“ забележа уште еден успех. Со потпишувањето договор за афилијација со најголемата групација на болници во југоисточна Европа „Аџибадем“, Клиничката болница „Систина“ создаде можност за размена на знаења и искуства и едукација со медицинскиот тим на турскиот здравствен гигант.

За само една година оваа успешна соработка прерасна во заедничко партнерство. Клиничката болница „Систина“ стана дел од Здравствената групација „Аџибадем“, и прва болница на овој лидер во здравството, надвор од границите на Турција. Една година подоцна „Аџибадем Систина“ стана дел од вториот најголем синџир болници, малезиската групација IHH. Влегувањето во оваа групација за нас претставува подигнување на стандардите во лекувањето и имплементација на сите најсовремени технологии и протоколи во лекувањето и поставување на Македонија на светската здравствена мапа.

Денеска Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Врвниот медицински тим користејќи современи методи и техники им стои на располагање на пациентите 24 часа во денот, 7 дена во неделата.

Капацитет

„Аџибадем Систина“ се простира на 22.000 квадратни метри затворен болнички простор распореден на 7 ката. Опремена со 11 најсовремени операциони сали и капацитет од 242 болнички кревети и 56 интензивни места (хирургија, кардиохирургија, кардиологија и неонтаологија).

Прва болница во Македонија акредитирана според Joint Commission Internatinal

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го доби златниот печат за квалитет и безбедност од JCI - најпрестижната организација за акредитација на болници во целиот свет. Овој печат е доказ за квалитетот, кој e резултат на посветеноста на Болницата во обезбедување безбедна и ефикасна услуга за своите пациенти. Акредитацијата од JCI претставува сигурност за секој пациент дека е безбеден и дека добива најдобра медицинска грижа.

Врвен тим на специјалисти

Во „Аџибадем Систина“ работи реномиран тим од 138 врвни специјалисти, од кои 15 универзитетски професори, признати во регионот. Долгогодишното искуство на нашиот тим е потврда за врвна здравствена услуга на пациентите и нивните семејства. Подготвени се да ги решат и најсложените медицински состојби.

Комплетна медицинска услуга на едно место

Единствено во „Аџибадем Систина“ на едно место можете да добиете целосно лекување од дијагноза, третман до рехабилитација на сите болести.

Технологија од светски признаени производители

Технолошките можности на нашата болница овозможуваат прецизна дијагноза и третман на сите заболувања. Постојано сме фокусирана кон имплементирање на последните достигнувања во медицината.

Болница без болка

Интегрираната грижа од врвниот тим на специјалисти овозможува контрола на болката, за поголема удобност на пациентите во лекувањето.

Комфор на највисоко ниво

Болничките соби се специјално дизајнирани, со што нудиме максимален комфор за време на лекувањето. Во пријатна атмосфера за пациентите и нивните потреби 24/7 се грижи тим од искусни и соодветно обучени медицински сестри кои се фокусирани на индивидуална нега на секој пациент.

Хигиена според светски стандарди

Специјален тим секојдневно врши мониторинг на хигиената во болницата, преку микробиолошки тестови. Контролата на инфекција овозможува безбедно лекување и максимална заштита од интрахоспитални инфекции.

Бројките потврда за нашиот успех

Процентот на успех во лекувањето во „Аџибадем Систина“ се движи и до 99%. Тоа е резултат на максималната посветеност и грижа за нашите пациенти.

450.000 регистрирани пациенти

„Аџибадем Систина“ е болница која ужива најголема доверба од пациентите. Тоа го докажуваат и бројките, кои секоја година растат. Во нашата база достигнавме импозантна бројка од 450.000 пациенти.

Го зборуваме вашиот јазик

Кога ви треба помош, треба да ве разберат. Со оглед на тоа дека „Аџибадем Систина“ има пациенти од целиот регион нашиот персонал зборува 4 јазици.

Активно учество во лекувањето

Односот пациент лекар во „Аџибадем Систина“ е највисоко ниво. Тимот доктори е достапен да одговори на секое прашање на пациентите со цел да се одбере најдобриот третман.

 

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

  

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library