• Врвен тим на специјалисти

Во Аџибадем Систина работи реномиран тим од повеќе од 120 врвни специјалисти. Долгогодишното искуство на нашиот тим е потврда за врвна здравствена услуга на пациентите и нивните семејства. Тие се подготвени да ги решат и најсложените медицински состојби.

• Комплетна медицинска услуга на едно место

Единствено во Аџибадем Систина на едно место можете да добиете целосно лекување од дијагноза, третман до рехабилитација на сите болести.

• Технологија од светски признаени производители

Технолошките можности на нашата болница овозможуваат прецизна дијагноза и третман на сите заболувања. Нашата работа постојано е фокусирана кон имплементирање на последните достигнувања во медицината.

• Болница без болка

Интегрираната грижа од врвниот тим на специјалисти овозможува контрола на болката, за поголема удобност на пациентите во лекувањето без болка.

• Комфор на највисоко ниво

Болнички соби се специјално дизајнирани, што на пациентите им нудиме максимален комфор за време на нивното лекување. Во пријатна атмосфера за пациентите и нивните потреби 24/7 се грижи тим од искусни и соодветно обучени медицински сестри кои се фокусирани на индивидуална нега на секој пациент.

• Хигиена според светски стандарди

Специјален тим секојдневно врши мониторинг на хигиената во болницата, преку микробиолошки тестови. Контролата на инфекција овозможува безбедно лекување и максимална заштита од интрахоспитални инфекции.

• Бројките потврда за нашиот успех

Процентот на успех во лекувањето во Аџибадем Систина се движи и до 99%. Тоа е резултат на максималната посветеност и грижа за нашите пациенти.

• 20 илјади нови пациенти годишно

Изградивме висока репутација во регионот, професионален углед на болница со исклучителен квалитет и со ефикасна здравствена заштита која што ја издвојува од конкуренцијата. Според статистиките Аџибадем Систина ужива најголема доверба кај пациентите. Секоја година се регистрираат нови 20.000 пациенти.

• Го зборуваме вашиот јазик

Кога ви треба помош, треба да ве разберат. Со оглед на тоа дека Аџибадем Систина има пациенти од целиот регион нашиот персонал зборува 4 јазици.

• Активно учество во лекувањето

Односот пациент лекар во Аџибадем Систина е највисоко ниво. Тимот доктори е достапен да одговори на секое прашање на пациентите со цел да се одбере најдобриот третман.

 

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

  

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library