„Аџибадем Систина“ ми даде мотив да застанам на нозе

По тешката повреда на скочниот зглоб за време на натпревар, првиот избор за третман на младиот Андреј Синадиновски била Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Вели дека целокупниот професионален пристап и третман на трауматологот д-р Неда Трајковска и д-р Аница Хаџи Петрушева Јанкијевиќ од Одделот за физикална терапија и рехабилитација биле мотив повторно да застане на нозе. По изведената операција и рехабилитација, Андреј почнува да се враќа во нормална состојба.

„По повредата, додека сè уште бев во шок, знаев дека првото место каде ќе се обратам е ’Аџибадем Систина’. Како спортист бев запознаен со услугите и можностите кои ги има во ’Аџибадем Систина’ како на трауматолошкиот, така и на Одделот за физикална терапија и рехабилитација. Се чувствував сигурно уште од првиот момент кога бев преземен во Ургентниот центар. По операцијата на скочниот зглоб и со секој поминат ден на рехабилитација, мојата доверба се зголемуваше од ден во ден. Имав силни болки, оток на ногата и бев целосно неподвижен. Но, полека, од ден во ден, работите се одвиваа позитивно. Еве ме сега, застанат на нозе, можам да се движам, да функционирам нормално, без ограничувања, тоа е најважно. Благодарен сум на целиот тим кој се грижеше за мене“, вели Андреј.

Хируршкиот третман беше првиот чекор до успехот

„Покрај трималеоларнатаскршеница со луксација на скочниот зглоб, наодот од компјутерската томографија покажа дека пациентот има и коскено-`рскавична лезија на талусот, што дополнително ја отежнува повредата и ја влошува прогнозата. По хируршкиот третман на малеоларните скршеници, најголем проблем остана повредата на талусот. На неодамна направената магнетна резонанца добивме охрабрувачки резултати, така што следува уште една операцијаза директен увид во степенот на оштетување на `рскавицата и третман на тоа оштетување .“ вели д-р Неда Трајковска.

Четири недели по операцијата на скочниот зглоб, Андреј почнал со вежби на Одделот за физикална терапија и рехабилитација. Поради отежнатото оптоварување, болката, отокот и максимално ограничените движења физикалната терапија траеше 2 месеци. Иако е релативно честа, ова е една од најтешки повреда кај фудбалерите, покрај повредите на колено.

„Кај Андреј беше повреден скочниот зглоб, каде што е најголемо оптоварувањето. Стабилноста и мобилноста на скочниот зглоб имаат многу важна улога во процесот на брзо трчање, брзо шутирање и одвивање на сите брзи спортски движења. По ваква повреда, продолжувањето со спортската кариера е ставено под голем знак прашалник.

Покрај класичните процедури, кои имаат анелгетско дејство и дејство за поттикнување на остификацијата на коската, беа применувани и вежби кои на почетокот беа во растоварена положба, потоа вежби кои се одвиваа на мека подлога - трамболина и изокинетичка машина, за на крај да се воспостави нормалниот баланс на движење и рамнотежа и да се продолжи со хидротерапија, односно вежби на хидро-лента.

Хидротерапијата овозможува 100% враќање на функционалноста на повредениот сегмент

Во рехабилитација на овој тип спортски повреди најдобрата комбинација е правење вежби и хидротерапија.

„Одвивањето на рехабилитацијата во комбинација од вежби и хидротерапија го прави процесот целосен. Кога сакаме да имаме 100% враќање во првобитната состојба и непречено функционирање во текот на животот, хидротерапијата е од огромно значење. Со тоа што прво се вежба со растоварување,  односно притисокот на водата не ни дозволува да имаме комплетно оптоварување, нема болка при нагазнување со целата тежина на телото и олеснети се движењата. Подоцна се продолжува со вежби во вода, кои се со поголем интензитет и дополнителен отпор во вода. По повредата, терапијата се вршеше во топла вода од 30 до 32 степени. Топлата вода го олеснува еластицитетот на меките ткива па така се олеснува целокупното движење, а од друга страна се зајакнува целата околна мускулатура затоа што се активира целата нога“, вели д-р Хаџи Петрушева.

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

  

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library