Најсреќниот миг во животот – средбата со малата убавица од 1200 грама

Сè започна во 24. недела од бременоста, тогаш почнаа да се појавуваат моите проблеми. Без двоумење посетив две гинеколошки клиники бидејќи веројатноста за појава на инфекција кај бебето беше многу голема и, за жал, во оваа недела беше невозможно бебето да преживее. Тоа што го добив како совет од двете месата беше прекин на бременоста. Надежта ми беше уништена. Бев многу тажна и разочарана бидејќи моето бебе нема да преживее!

Со болка во душата решив абортусот да го изведам во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Се запознав со д-р Јорданчо Иванов, кој за време на прегледот, наместо препорака за прекин ми соопшти дека треба да бидам хоспитализирана во болница сè до породувањето.

Тоа значеше дека треба да почекаме уште најмалку 4 недели за бебето да може да преживее надвор од матката. Останав без зборови, бев изненадена и не можев да поверувам дека сè уште имаше надеж за бебето да преживее. Почнав да чувствувам надеж, почнав да верувам дека веќе се наоѓав во сигурни раце, почнав да се хранам со позитивни мисли дека сето тоа ќе заврши во најдобар ред. Му верував на д-р Јорданчо Иванов.

Неделите поминуваа, а јас деновите ги поминував во одмор и лежење. Секогаш кога ќе го видев д-р Иванов како ме посетува во мојата болничка соба чувствував огромна сигурност, надеж и доверба.

Д-р Јорданчо Иванов е прекрасен доктор, немам зборови со кои можам да ја опишам неговите грижа, професионалност и скромност. Неговото внимание и грижа, но и на целиот тим, ги имав во секое време. Би сакала да им се заблагодарам на сите нив од сесрце.

По 5 недели хоспитализација, во 29. гестациска недела, на 6.04.2016 стигна најочекуваниот ден, д-р Иванов одлучи итно раѓање со царски рез, и на тој ден дојде на свет мојата малечка Зана, со тежина од 1200 гр и со должина од 40 цм. Првата средба со мојата малечка беше најубавото нешто во мојот живот!

Со доаѓањето на Зана во нашиот живот, се појави и д-р Душко Фидановски и екипата на неонатална интензивна нега кои се грижеа за Зана цели 2 месеца дарувајќи ѝ мајчинска топлина  и љубов додека јас не можев да бидам близу неа. Д-р Фидановски секој ден ни даваше надеж дека сè ќе биде в ред, дека наскоро Зана ќе се врати дома заедно со нас. Тој беше сигурен во тоа, и таа сигурност ни ја пренесувеше и нам. Така и се случи.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ направи нашиот сон да стане реалност. Денот кога ни сооопштија дека Зана веќе е во добра и стабилна состојба и дека веќе можеме да се вратиме дома заедно со неа беше најубавиот ден за целото наше семејство. За сите нас беше ден на слава и радост, по сè што имавме поминато, по сите тие тешки и непреспиени денови. Голема благодарност за екипата на Одделот на гинекологија и Одделот за неонатална интензивна нега, им се заблагодарам од срце и им посакувам бескрајни успеси. Ги советувам сите идни мајки да размислуваат позитивно, да веруват во Господ и во „Аџибадем Систина“ бидејќи само со нивна помош вашиот сон да бидете мајка може да стане реалност.

Со љубов, Неримане Кастрати 

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

  

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library