Со најдобриот тим, Сејар ги надмина сите предизвици. Денеска си оди дома

По 38 дена борба на Одделот за неонатална интензивна нега, денеска Сејар инкубаторот ќе го замени со топлата прегратка на мама Гонџе. Сејар значи темперамент, синоним кој сосем одговара за ова мало бебе херој кое успеа да ги надмине сите предизвици и денес да му се радува на животот.

AcibademSistinaBaby 13

Неговата мајка во 31. недела од бременоста, со тешка форма на аортна дисекција и во животозагрозувачка состојба, на 27 февруари беше итно донесена во ургентниот центар на „Аџибадем Систина“. По увидување на состојбата, конзилијарно беше донесена одлука да се изведе итен царски рез и да се продолжи со кардиохируршка интервенција. Ваквата одлука резултираше со два спасени човечки животи.

Сејар беше препуштен на најдобриот тим неонатолози

Д-р Снежана Палчевска, педијатар неонатолог, вели дека за Сејар сè беше подготвено уште пред да се роди.

AcibademSistinaBaby 8

„Уште при приемот на мајката знаевме дека пред нас стои двоен предизвик, трудница во животозагрозувачка состојба и бебе во 31. гестациска недела. Се екипиравме веднаш и бевме подготвени за уште едно мало бебе на кое му е потребна нашата стручна помош. Сејар се роди со 1.800 грама и веднаш беше пренесен на Одделот за неонатална интензивна нега каде што беше спроведен третман според најсовремени протоколи од страна. Целиот тим вложи максимален ангажман за стабилизација на виталните функции, пред сè на дишењето и срцевата работа. Најкритични беа првите денови, но за среќа, од ден во ден неговата состојба беше сè подобра. Терапијата го даде очекуваниот резултат, Сејар беше под 24-часовен мониторинг и реагиравме на секоја негова промена. По 38 дена, неговата здравствена состојба дозволува тој да замине во домашни услови, со тоа што ќе продолжи да доаѓа на редовни контроли. Нашиот тим постојано ќе биде тука за него и ќе го следи неговиот раст и развој“, вели д-р Палчевска.

AcibademSistinaBaby 10

 

Сејар е вистински херој

Иако мало и кревко бебе, Сејар успеа да се избори со сите предизвици на предвремено родените новороденчиња, успеа да ги надмине сите кризи по неговото здравје и да порасне сосем доволно за денеска да го напушти Одделот за неонатална интензивна нега.

AcibademSistinaBaby 1

За вакви случаи клучен е тимот и опременоста на болницата

Во вакви комплексни состојби, од исклучителна важност е бебето да биде згрижено во центар кој располага со стручен и искусен тим, но и најсовремена опрема за третман и мониторинг.

AcibademSistinaBaby 11

 

„Благодарение на екипираноста, стручноста и брзината на реакцијата, денеска Сејар е здрав и жив, исто како и неговата мајка. Ова е огромен успех за кардиохируршкиот, гинеколошкиот и педијатрискиот тим, но и воопшто за болницата. Успешниот третман на мајката и бебето е само потврда дека „Аџибадем Систина“ може да одговори и на најкомплексни случаи каде е потребен тим од различни специјалности“, вели д-р Палчевска.

Прочитајте ја целосната сторија за двата спасени животи во „Аџибадем Систина“.

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

  

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library