ДАДО, ДАДО, ТЕ МОЛАМ СПАСИ МЕ!

AcibademSistina Sema 1

Сема Џеладин, вработена во контакт-центар на Клиничката болница „Аџибадем – Систина“, во петокот навечер околу 20:00 часот, жртвувајќи го својот живот во надојдените студени води на реката Вардар, помогна да се спаси животот на едно петгодишно девојче.

Таа е многу среќна. Целиот настан го сподели со порталот „Алмакос“. Со големи емоции раскажуваше за тоа како успела да помогне да се спаси животот на едно девојче, кое таа квечерина возејќи велосипед заедно со својата мајка изгубила контрола и паднала во реката Вардар.

„Во петокот вечерта бев излезена на пауза околу 20:00 часот. Седнав на клупите кои гледаат кон кејот на реката Вардар. По поминати 10 - 15 минути, се изненадив кога слушнав извици. Се свртев кон кејот. Видов девојче на возраст од околу пет години како губи контрола врз велосипедот, не можеше да запре. И падна во реката Вардар”.

AcibademSistina Sema 8

За да го спаси девојчето, прва во Вардар се фрлила нејзината мајка. Сема увидела дека мајката, поради надојдените води, брзиот тек и длабочината не може да го извади девојчето надвор од реката. Таа притрчала од клупата и се спуштила на работ од кејот.

Девојчето беше многу испаничено, многу уплашено, раскажува Сема, сеќавајќи се на несекојдневниот настан.

„Се спуштив од работ. Девојчето беше многу испаничено, многу уплашено. Ми ја подаде раката за да ја спасам. Се бореше. Ја фатив за рака. Бидејќи работ беше многу лизгав, за да не ја испуштам од рака и јас заедно со неа влегов во вода”.

AcibademSistina Sema 2

Сема сè уште се сеќава на извиците на девојчето, вели дека зборовите на малата ќе ги запамети цел живот.

„Дадо, дадо, те молам спаси ме“, и ми ја подаде раката. „Дадо, те молам не ме оставај. Не ме оставај да умрам. Те молам помогни ми”.

Откака Сема заедно со девојчето со големи маки стигнале до работ на кејот, на помош дошле и тројца мажи. Тие помогнале Сема и мајката на девојчето да излезат од Вардар. Девојчето ја прегрнала Сема и така прегрнати стигнале до Ургентниот центар на болницата.

Таму девојчето било прегледано. Немала никакви проблеми. По контролите, било пуштено дома.

Дали во овој момент би го направиле истото, ја прашавме Сема. Таа е категорична.

„Истото би го направила”.

Таа во тој момент чувствувала само едно, дека мора да го спаси девојчето. Не ни помислила на својот живот.

„Битно беше да се спаси млад живот“

И нејзините родители се горди на храброста на нивната ќерка.

AcibademSistina Sema 4

„Моите така и ме пораснаа. Сепак, за животот се работи. Нашата клиничка болница го има истиот слоган. Сепак, за животот се работи”.

И нејзините претпоставени во болницата се горди што имаат вработена која без да се двоуми може да се жртвува за да спаси друг живот.

Сема и денес е на своето работно место, продолжува да им помага на пациентите што се јавуваат во повикувачкиот центар на болницата.  

 

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

  

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library