pp vezba 2017 AcibademSistina

Тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со брза реакција и успешна евакуација во случај на вонредни состојби (земјотрес и пожар) успеа да одговори на сите предизвици. Со координација на вработените и поддршка од екипата на противпожарна безбедност и брзо се евакуираа пациентите и сите присутни во болницата.

Персоналот на болницата предводен од Штабот за заштита и спасување на болницата викендов спроведе вежба за проверка на подготвеноста на тимот за брз и соодветен пристап при појава на кризни состојби кои може да ја нарушат безбедноста на сите присутни во болницата. Вежбата опфати и обука за справување на последиците од земјотрес, вежба за справување со пожар, евакуација на пациенти, посетители на болницата, вработени, како и повредени лица и нивен пренос до безбедна локација.

Безбедноста и заштитата на персоналот и пациентите е едни од главните приоритети на Клиничката болница „Аџибадем Ситина“, а целта на спроведување на акцијата е да бидеме сигурни дека персоналот во болницата е подготвен и може да одговори за време на кризни состојби од кој било вид. 

Вежбата е во согласност со одредбите од Законот за заштита и спасување според утврдени протоколи за реакција во кризни ситуации. Истата се реализираше во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување, Противпожарната бригада и Црвениот крст.

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

  

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library